СОВРЕМЕН СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ 2011
во рамките на Фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС
09 - 12 ноември 2011, кино-сала на Кинотека на Македонија
„Зуење во главата“
Лето 1970, централниот затвор во Ливада. Кебер, легендата меѓу затворениците, се договара со управникот да оди да го гледа финалниот натпревар во светското првенство во кошарка помеѓу Југославија и САД. За време на гледањето, еден од чуварите ги провоцира затворениците, при што Кебер го крши телевизорот и започнува востание. Затворениците ја преземаат моќта. Имаат шест барања...
(Zvenenje v glavi)
игран филм / 2002 година / 90 минути / колор / 35мм.
Словенија
режија: Андреј Кошак (Andrej Košak);
сценарио: Дејан Дуковски, Андреј Кошак (Dejan Dukovski, Andrej Košak), според литературна предлошка на Драго Јанчар (Drago Jančar);
улоги: Петар Арсовски, Милош Бателино, Харис Бурина (Petаr Arsovski, Miloš Battelino, Haris Burina).
Added by kinoteka on November 9, 2011