ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Филмот ја раскажува приказната на еден социјално неприфатен човек кој со сестра си живее во едно куќиче на брегот на големо езеро. Во соседното село го сметаат за будала, но тој не се потресува. Негова голема љубов е природата. Одвреме-навреме работи чудни работи за да колку-толку и` помогне парично на сестра си. Еден ден в куќи ќе донесе еден дрвосечач на кого му покажал како да го премине езерото. Гостинот и сестра му веднаш се вљубуваат. Свесен дека не би можел да го поднесе животот без сестра си, тој решава да се самоубие. Оваа депресивна црно-бела приказна за отуѓувањето, сомнежот и несигурноста го отвори Канскиот филмски фестивал во бурната 1968 година.

Zywot Mateusza
Црно-бел филм/ 35мм/ 80`
Полска, 1968 година

Режија: Витолд Лешжински
Сценарио: Витолд Лешжински, Војчех Соларц
Улоги: Франчишек Пичка, Ана Милевска, Виргилиуш Грин, Александер Фоѓел, Хана Скарзанка

Added by kinotekamk on September 28, 2010

Interested 1