Проекции: 10.03.2013 (недела), 20.00 часот
НОЌИ ПОСВЕТЕНИ НА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА, 8-10 март
Проекција на „Забранети гласови“ и дискусија на тема: Твитувам, блогувам, постирам, значи постојам #феминистка
„Забранети гласови“
Нивните гласови се пригушени, забранети и цензурирани. Но светски познатите блогерки Јоани Санчез, Зенг Џинјан и Фарназ Сеифи не се плашат од диктаторските режими во своите земји. Овие три бестрашни жени се претставнички на новата генерација модерни бунтовнички. Нивните блогови во Куба, Кина и Иран ги разнишуваат темелите на државниот монопол врз информациите, со што животите на овие три жени се ставени во опасност. Филмот ги следи Санчез, Џинјан и Сеифи во нивното секојдневие во кое преку Фејсбук, Јутјуб и Твитер се борат за одземањето на човековите права.
(Forbidden Voices)
документарен филм, / Швајцарија
2012 година / 95 мин. / колор / ДВД
режија и сценарио: Барбара Милер (Barbara Miller)
Added by kinoteka on February 25, 2013