4-13 октомври ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ КОНЧАЛОВСКИ
„Вујко Вања“
Пензионираниот професор се враќа на својот имот каде што решава да живее заедно со својата нова и млада сопруга Јелена. Имотот првенствено припаѓал на неговата прва жена која починала. Нејзиното семејство сè уште живее таму, а нејзиниот брат, кој сите го викаат вујко Вања, управува со фармата. Долго време вујкото Вања заработувачката од фармата му ја испраќал на професорот, а за возврат добивал само мал паричен надоместок. Новата млада жена на имотот ќе внесе сексуална тензија, а во неа ќе се вљубат и докторот Астров и вујко Вања. Кога професорот ќе објави дека сака да го продаде имотот, Вања ќе се обиде да го убие.
(Дядя Ваня)
игран филм, СССР
1970, 98 мин., колор, 35 мм.
режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)
сценарио: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)
улоги: Ирина Купченко, Инокенти Смоктуновски, Сергеј Бондарчук, Ирина Мирошниченко (Irina Kupchenko, Innokenti Smoktunovsky, Sergei Bondarchuk, Irina Miroshnichenko)
Added by kinoteka on October 2, 2012