Во 1999 година, за време на бомбардирањето на НАТО во Србија, семејството Рахмани емигрира во Швајцарија. По неколку години живот во новата татковина, семејството се соочува со можноста за депортирање. Очајнички желен да остане, Расим, таткото на семејството и поранешен наставник по музичко, добива идеја да формира албанско културно-уметничко друштво за ора и танци со цел да собере потписи за поддршка од заедницата …
The War is Over
Колор/ 108`
Република Македонија, Швајцарија/ 2010 година
Јазици: албански, српски, француски
Режија и сценарио: Митко Панов (Mitko Panov)
Кинематографер: Пјотр Јакса (Piotr Jaxa)
Монтажа: Робин Ерард (Robin Erard)
Музика: Дуке Бојаџиев (Duke Bojadziev)
Продуцент: Митко Панов
Митко ПАНОВ, режисер:
Роден е на 17 април 1963 година во Скопје, Република Македонија. Студирал режија на Филмската школа во Лоџ, Полска. Од 1998 до 2004 година живеел во САД. Професор е по режија на Дипломската филмска школа на Универзитетот „Њујорк“, Универзитетот „Остин Тексас“, и Универзитетот за телевизија и филм во Минхен. Тој е и еден од основачите на Њујоршката филмска академија. Филмографија:
„Со кренати раце“ (1985 година, добитник на Златна палма за најдобар краток вилм во Кан), „Леб и сол“ (1987 година, документарец), „Бериќет“ (1993 година, добитник на Златниот Ра во Исмаилија, Египет, за најдобар документарец), „Ливада“ (1997 година, краток филм) „Другари“ (2000 година, долгометражен документарец). „Војната заврши“ е неговиот прв игран филм.
Пјотр Јакса, кинематографер:
Кинематографер и фотограф, роден на 1 јануари 1945 година во Боровно, Полска, а од 1982 година живее во Швајцарија. Дипломирал на Полската национална филмска школа во Лоџ и работел како кинемтографер на над сто документарни и играни филмови. Во последните неколку години Јакса ги истражува креативните можности на дигиталната кинематографија кај европската нискобуџетна кинематографија-преку комбинирање на своето големо искуство со 35-милиметарска филмска камера и страста за нова естетика, која ја нудат напредните технологии. По неговата фотографска соработка со Кристоф Кишловски на филмската трилогија: „Сино“, „Бело“, „Црвено“, подготвува изложба „Сеќавања на Кристоф“ која шеташе низ светот од 1994 до 2004 година. Од 1995 година, Јакса работи на својата нова книга и изложба „Кинематографери“.
Added by kinotekamk on October 22, 2010