Проекции: 20-21.02.2013 (среда и четврток), 20.00 часот
„Во љубов и војна“
Дејствието на „Во љубов и војна“ се одигрува за време на Првата светска војна и ни ги прикажува искуствата на познатиот американски писател Ернест Хемингвеј. Голем дел дел од филмот се неговите вистински доживувања за време на војната како млад војник во Италија. Хемингвеј, бидејќи е ранет, пратен е во воената болница каде ја дели собата со Вилард, кој подоцна ќе биде ко-автор на книгата по која е снимен филмов. За нив се грижи медицинската сестра Ањес Куровски. Помегу Хемингвеј и Куровски се развива љубов, но нивната врска повеќе наликува на сентиментална отколку на страстна, па затоа нема да може да опстане до крај. Ричард Атенбороу (аворот на филмот) овој момент го нарекува „емоционален интензитет на Хемингвеј“. Талентот на Ричард Атенбороу како режисер е потврден со биографските филмови „Чаплин“ и „Ганди“.
„Во љубов и војна“ е филмска драма правена според делото „Хемингвеј во љубов и војна“ на Хенри Вилард и Џејмс Наџел.
(In Love and War)
игран филм, САД
1996, 113 мин., колор, 35 мм
режија: Ричард Атенборо (Richard Attenborough);
сценарио: Алан Скот и други, според роман на Хенри Вилард и Џејмс Нејџел (Allan Scott et al., Henry S.Villard, James Nagel);
улоги: Сандра Булок, Крис О`Донел, Мекензи Астин, Марго Стеинберг (Sandra Bullock, Chris O`Donnell, Mackenzie Astin, Margot Steinberg).
Added by kinoteka on January 28, 2013