ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции:
05.04.2012 (четврток), 13:00 и 20:00 часот
06.04.2012 (петок), 20:00 часот

„Во срцето на Балканот: Барајќи го рисот“

Планини, долини и недопрена шуми. Предел во Југоисточна Европа, погоден за живеење на една од најголемите мачки на континентот - балканскиот рис. Се претпоставува дека во Македонија живеат од 20 до 50 единки од овој подвид на Евроазискиот рис. Биолозите од Македонското еколошко друштво сакаат да дознаат каде точно и во кои шуми во планинските предели во Македонија се движи рисот, со што се храни, каде и како може да биде заштитен.
Патем, камерата на Jochen Schmoll лови и прекрасни пејзажи од дивокози, мечки, волци и други диви животни кои го населуваат Националниот парк Маврово.

Im Herzen des Balkans - Auf der Suche nach dem Luchs
документарен филм / 2011 година / 43 минути / колор / ДВД
Германија
режија: Корнелија Волк (Cornelia Volk)

„Во срцето на Балканот: Пеликаните од Преспа парк“

Малото и Големото Преспанско Езеро се дел од големиот Преспа Парк. Со големина од 2500 квадратни километри, овој предел е првата прекугранична конзервациска област на Балканот. Од 2000 година, трите соседни земји - Албанија, Македонија и Грција - изготвија заеднички план за заштита на балканските дивокози, кафеавата мечка и далматинскиот пеликан. Во периодот на 80-ите години, не повеќе од 200 единки од овој вид птица доаѓаа да се гнездат на Преспанското Езеро. Во меѓувреме нивната бројка се зголеми на околу 3000 единки. Ова е најголемата гнездечка колонија воопшто во светот!

Im Herzen des Balkans - Die Pelikane vom Prespa-Park
документарен филм / 2011 година / 43 минути / колор / ДВД
Германија
режија: Корнелија Волк (Cornelia Volk)

Added by kinoteka on April 2, 2012

Interested 1