ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 23-24.01.2013 (среда-четврток), 20.00 часот

„Во името на народот“

Во едно индустриско гратче во 1966 година, едно претпријатие одлично работи благодарение на досетливиот и способен директор Тодор. Во целиот тој крај се надеваат на некаков напредок, па Тодор меѓу жителите се стекнува со сè поголем авторитет. Но, таквото реноме донесува не само искрена почит, туку предизвикува и завист. Возачот на директорот, Милан, чесен но наивен во проценувањето на туѓите карактери, ќе влезе во апсурдни ситуации од кои тешко ќе се извлече - сè заради својата лојалност кон директорот Тодор.
„Во името на народот“ е првото реализирано заедничко сценарио на браќата Николиќ - режисерот Живко и актерот Драган, по кое ги пишуваат и сценаријата за „Искушение на ѓаволот“ (1989) и „Проколнатиот брод“ (1990).

(У име народа)
игран филм, СФРЈ
1987, 112 мин., колор, 35 мм

режија: Живко Николиќ (Живко Николић);
сценарио: Драган Николиќ, Живко Николиќ (Драган Николић, Живко Николић);
улоги: Миодраг Кривокапиќ, Петар Божовиќ, Савина Гершак, Богдан Диклиќ (Миодраг Кривокапић, Петар Божовић, Богдан Диклић).

Added by kinoteka on December 7, 2012

Interested 1