ДЕНОВИ НА ГРУЗИСКИ ФИЛМ
во рамките на Фестивалот на европски филм „СИНЕДЕЈС“
„Улични денови“
Главниот лик во филмот е 45-годишен зависник од дрога, соочен со најважниот избор во животот: корумпиран полицаец бара од него да навлече на дрога еден 16-годишник, син на влијателен политичар, кого потоа би го уценувале. Доколку прифати, ќе го снабдат со дрога и пари, а доколку не – ќе го пратат 10 години во затвор, и практично, неговиот живот ќе заврши...
(Quchis Dgeebi)
игран филм / 2010 година / 89 минути / колор / 35 мм.
Грузија
режија: Леван Когуашвили (Levan Koguashvili);
сценарио: Борис Фрумин, Леван Когуашвили, Николас Мари (Boris Frumin, Levan Koguashvili, Nikoloz Marri);
улоги: Зура Бегалишвили, Гага Чиклаѕе, Ека Чикхлаиѕе, Леван Џивиѕе (Zura Begalishvili, Gaga Chikhladze, Eka Chkheidze, Levan Jividze).
Added by kinoteka on November 9, 2011