4-13 октомври ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ КОНЧАЛОВСКИ
„Љубовниците на Марија“
По спасувањето од воениот затвор во Јапонија, војникот Иван Бибич се враќа во своето родно село во Пенсилванија, кое е населено од српски емигранти. Ова село исто така е дом на Марија, љубовта на неговиот живот. Таа била единственото нешто за кое тој сонувал за време на годините поминати во војна. Набрзо по венчавката со Марија, Иван сфаќа дека не може да ги заборави нештата кои се случиле во минатото и не може да води љубов со својата сопруга. „Љубовниците на Марија“ е прв холивудски филм на Андреј Кончаловски.
(Maria's Lovers)
игран филм, САД
1984, 111 мин., колор, 35 мм.
режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)
сценарио: Андреј Кончаловски, Жерар Брах, Пол Зиндел, Марџори Дејвид (Andrei Konchalovsky, Gérard Brach, Paul Zindel, Marjorie David)
улоги: Настасја Кински, Џон Севиџ, Роберт Мичам, Кејт Карадин (Nastassja Kinski, John Savage, Robert Mitchum, Keith Carradine)
Added by kinoteka on October 2, 2012