На 21 декември 2011 Кинотеката одбележува еден убав јубилеј, а тоа е 30 години од појавата на првата филмолошка книга во Македонија - книгата Филмот и политичкото од Томислав Османли (Млад борец, 1981). По тој повод, со отворена дискусија во форма на Тркалезна маса ќе се проговори за филмската публицистика и состојбите со филмолошката литература кај нас.
Тркалезната маса ќе се одржи на 21.12.2011 (среда), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Кинотеката на Македонија.
Истиот ден, 20 часот во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоцијата на книгата „Време на игри и соништа“ (аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година) на Илинденка Петрушева. Промотори на книгата се проф. д-р Јелена Јужина и проф. д-р Иван Џепаровски.
По промоцијата на книгата следи и проекција на селекција на македонски аматерски филмови.
Added by kinoteka on December 18, 2011