(Tesis/Thesis)
игран филм, Шпанија
1996, 125 мин., колор, ДВД
Режија: Алехандро Аменабар (Alejandro Amenábar)
Сценарио: Алехандро Аменабар, Матео Хил (Alejandro Amenábar, Mateo Gil)
Улоги: Ана Торент, Феле Мартинез, Едуардо Нориега, Ксавиер Елориага, Мигел Пиказо (Ana Torrent, Fele Martínez, Eduardo Noriega, Xabier Elorriaga, Miguel Picazo)
Зошто насилството и смртта се толку фасцинантни? Дали е морално коректно да се прикажува насилство во филмовите? Ако е, дали постои ограничување во тоа што може да се прикаже? Тоа е темата на семинарската на Анџела. Таа е студент во филмското училиште во Мадрид. Заедно со Чема (кој е опседнат од насилни филмови) наоѓаат снаф-филм во кој млада девојка е мачена и убиена. Откриваат дека жртвата била ученик во нивното училиште...
Added by kinoteka on June 8, 2011