ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

МЕСЕЦ НА БУГАРСКИ ФИЛМ ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

За време на месец ноември секој понеделник во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан по еден Бугарски филм од современата бугарска продукција.

„Светот е голем и спасението демне отсекаде“

Бугарија, 1980. Светлото детство на младиот Алекс е помрачено кога тој заедно со неговото семејство ќе биде принуден да замине во Германија, разделувајќи се од саканиот дедо. После 25 години, Алекс е во болница, откако преживува тешка сообраќајна несреќа во која загинуваат неговите родители, а тој го губи помнењето. Сега единствената шанса за неговото враќање во нормала е неговиот дедо Бај Дан, кој преку магијата на таблата, му ги открива изгубените делови од неговото минато...

(Светът е голям и спасение дебне отвсякъде)
игран филм / 2008 година / 105 минути / колор / 35 мм.
Бугарија/Германија/Словенија/Унгарија

режија: Стефан Командарев (Stephan Komandarev);
сценарио: Јури Дачев, Стефан Командарев, Душан Милиќ, Илија Тројанов (Yurii Dachev, Stephan Komandarev, Dusan Milic, Ilija Trojanow);
улоги: Мики Манојловиќ, Карло Љубек, Христо Мутафчиев, Ана Пападопулу (Miki Manojlović, Carlo Ljubek, Hristo Mutafchiev, Ana Papadopulu).

Added by kinoteka on November 6, 2011

Interested 1