Проекции: 03.03.2012 (сабота), 20.00 часот
ЦИКЛУС АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ И ПРАВОТО
„Сведок на обвинението“
Во оваа екранизација на романот на Агата Кристи, Леонард Воли е уапсен заради убиство на една богата, средовечна вдовица. Познатиот адвокат Робартс, иако со влошена здравствена состојба, се согласува да го застапува Воли пред судот, а како главен сведок ја наведува сопругата на Воли - Кристин. Меѓутоа, сето она што Кристин ќе го каже или направи, ќе биде на штета на осомничениот и најпосле таа ќе сведочи во корист на обвинителството. Адвокатот Робартс сега треба да ги открие мотивите за ваквиот пресврт.
„Сведок на обвинението“
(Witness for the Prosecution)
игран филм / САД / 1957 година / 116 минути / црно-бел / 35мм
Режија: Били Вајлдер (Billy Wilder);
Сценарио: Агата Кристи, Били Вајлдер (Agatha Christie, Billy Wilder);
Улоги: Тајрон Пауер, Марлен Дитрих, Чарлс Лотон (Tyrone Power, Marlene Dietrich, Charles Laughton).
Added by kinoteka on March 1, 2012