Проекции: 08.03.2013 (петок), 20.00 часот
НОЌИ ПОСВЕТЕНИ НА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА, 8-10 март
Проекција на „Супержени“ и дискусија на тема: Со кои хероини пораснав?
„Супержени“
Документарен филм кој го истражува концептот на жената-херој, од раѓањето на стрип-хероината Супержена во 40-тите години на 20-тиот век, преку тв-сериите и филмските блокбастери на денешницата. Хероините се битен пример за развојот на младите девојки, особено во нивните најрани години, но нив ги има неверојатно малку. Супержената е една од ретките примери на хероини кои никој не мора да ги спасува, сами си поставуваат цели, а ги красат и типични женски карактеристики. Преку интервјуата со Глорија Стајнем, актерките Линда Картер и Линдзи Вагнер, и плејада научници, писатели и фанови, филмот ја следи промената во јавното мнение во однос на моќните супержени во американското општество.
(Wonder Women)
документарен филм, САД
2012 година / 79 мин. / колор / ДВД
режија и сценарио: Кристи Гевара-Фланаган (Kristy Guevara-Flanagan);
учествуваат: Линда Картер, Глорија Стајнем, Линдзи Вагнер, Енди Мангелс (Lynda Carter, Gloria Steinem, Lindsay Wagner, Andy Mangels).
Added by kinoteka on February 25, 2013