Проекции: 05.03.2012 (понеделник), 20.00 часот
ЦИКЛУС АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ И ПРАВОТО
„Судењето во Нирнберг“
Во 1948 гoдина, судијата Хејвуд доаѓа во Нирнберг да го води судењето на четворица нацистички судии кои го злоупотребиле правниот систем и ѝ помогнале на нацистичката влада да изврши геноцид на политички и социјално непожелните. Студената војна се заострува, а јавното мнение во Германија, сега поделена и во добри односи со сојузничките сили, како и во земјите на западната алијанса, е заситено од судења. Сите сакаат да заборават на минатото и да се фокусираат на иднината. Од судијата Хејвуд се очекува брзо да ги осуди обвинетите за воени злосторства, но од луѓето со коишто тој стапува во контакт, обични граѓани, добива сосем поинаква перспектива за случувањата за време на војната.
„Судењето во Нирнберг“
(Judgment at Nuremberg)
игран филм / САД / 1961 година / 186 минути / црно-бел / 35мм
Режија: Стенли Крамер (Stanley Kramer);
Сценарио: Аби Ман (Abby Mann);
Улоги: Спенсер Траси, Берт Ланкастер, Ричард Видмарк, Максимилијан Шел, Марлен Дитрих (Spencer Tracy, Burt Lancaster, Richard Widmark, Maximillian Shell, Marlene Dietrich).
Added by kinoteka on March 1, 2012