ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 10.05.2012 (четврток), 20.00 часот

80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДАРКО ДАМЕСКИ

„Споменик"

Приказна за еден човек, кој присвојува туѓи знаења и достигнувања и си подигнува самиот себеси споменик во чија оправданост и неопходност верува. Телоп: „Внимание. За оние што не присуствуваа утре пак ќе се откријам“.

краток игран филм, Република Македонија
1968, 9 минути, црно-бел, 35 мм
режија: Вељо Личеноски
сценарио: Бошко Смаќоски
улоги: Дарко Дамевски

„Црно семе"

За време на Граѓанската војна во Грција, 1946 година, припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Репресалиите се секојдневни, со постојани измачувања, тепања и стрелања на секого што, на каков било начин ќе пружи отпор или ќе покаже непослушност. Неможејќи да ги поднесат понижувањата, затворениците се дигаат на бунт.

За улогата на Андон, Дамевски во 1971 г. ја доби „Златната арена“ за најдобра машка улога на Филмскиот фестивал во Пула, а следната, 1972 г., ја доби републичата награда „11 Октомври“.

игран филм, Република Македонија
1971, 89 минути, колор, 35 мм
режија: Кирил Ценевски
сценарио: Ташко Георгиевски, Кирил Ценевски
улоги: Павле Вуисиќ, Дарко Дамевски, Мите Грозданов, Ацо Јовановски, Воја Мириќ, Ристо Шишков

Added by kinoteka on May 10, 2012

Interested 1