Снимен кон крајот на 1976 година, „Специјално воспитување“ едно време беше најпопуларниот и најпродаваниот филм на Горан Марковиќ; прикажан е во повеќе од 50 земји. Многумина мислат дека ова дебитантско дело му овозможи на Марковиќ подоцна успешно да се занимава со режирање играни филмови.
Пера „Трта“ (Славко Штимац) е малолетен деликвент од провиција кој доаѓа во Белград на превоспитување. Истовремено во поправниот дом за малолетници доаѓа и новиот воспитувач Жарко (Беким Фехмиу), кој пробува да воведе нови методи во работата со штитениците. Нивните судбини се испреплетуваат благодарение на Љупчо (Александар Берчек), штитеник на домот, кој уште од своето доаѓање, не зборува и одбива контакт со околината.
SPECIJALNO VASPITANJE
Југославија/ 1977 година
35мм/ 110`
Режија и сценарио: Горан Марковиќ
Улоги: Славко Штимац, Љубиша Самарџиќ
Added by kinotekamk on March 11, 2010