Во соработка со ЕСРА и Културниот Центар од Нови САД, на 16 и 17 декември во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани четири филмови од поновата индиска продукција.
Изборот на филмовите ги направи Рита Дата, филмски автор и професор по уметност и општествени науки на колеџ во Калкута, Индија, и член на жири на неколку светски фестивали. Подготвува докторат на тема „Филмот, градот и политиката“ и објавува трудови во списанија за филмска теорија и критика.
На 15 декември, во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе одржи предавање за современиот индиски филм.
Added by kinotekamk on December 9, 2010