СОВРЕМЕН СЛОВЕНЕЧКИ ФИЛМ 2011
во рамките на Фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС
09 - 12 ноември 2011, кино-сала на Кинотека на Македонија
„Словенка“
Александра е студентка од Кршко, мало гратче во Словенија, со сопствен план како да го освои светот. Работејќи како проститутка, нејзиниот план оди во посакуваната насока, меѓутоа неочекувана смрт ја соочува со нови чувства на страв, осаменост и одговорност.
(Slovenka)
игран филм / 2009 година / 87 минути / колор / 35мм.
Словенија
режија: Дамјан Козоле (Damjan Kozole);
сценарио: Дамјан Козоле, Огњен Свиличиќ, Матеус Лузар (Damjan Kozole, Ognjen Sviličić, Mateus Luzar);
улоги: Нина Иванишин, Петер Мусевски, Примож Пирнат, Маруша Кинк, Урош Фирст, Дејан Спасиќ (Nina Ivanišin, Peter Musevski, Primož Pirnat, Maruša Kink, Uroš Fürst, Dejan Spasić).
Added by kinoteka on November 6, 2011