ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

По повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), тимот на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и Кинотеката на Македонија ќе организираат специјална проекција за лицата со оштетен вид. Во оваа прилика ќе биде прикажан филмот „Слепи љубови“ со почеток во 17.30 часот. Филмската проекција ќе биде придружена со нарацијата на Владо Галевски, а улогите на заљубените во филмот ќе ги интерпретираат двајца наши актери. Поканети се и сите лица без оштетен вид кои, доколку сакаат, ќе имаат можност да го доживеат филмот малку поинаку така што ќе стават превез преку очите.

Кратка содржина:
Иако актерите се слепи, оваа непретенциозна, шармантна и убаво спакувана приказна покажува дека „љубовта не е слепа“. Всушност, филмот е микс од фикција и документарец. Топлината и човечноста со кои зрачи ова нискобуџетно дебитансткото остварување на режисерот Јурај Лехотски беа наградени на сите шест фестивали на кои учествувал филмот, и тоа со главните награди. Меѓу нив се вбројува и наградата „Арт Синема“ на Канскиот филмски фестивал во 2008 година.

Blind Loves
Документарен филм/ колор/ ДВД/ 77`
Франција/ 2008 година

Режија: Јурај Лехотски
Сценарио: Јурај Лехотски, Марек Лесчак

Added by kinotekamk on December 2, 2010

Interested 1