ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 25.02.2012 (сабота), 20.00 часот

„Славејот на Царот“

Славејот на царот претставува слободна куклена адаптација на истоимената сказна на Ханс Кристијан Андерсен. Станува збор за првиот филм на Трнка, во кој покрај куклите, се појавуваат и вистински актери. Приказната е за едно дете, чие секојдневие е исполнето со самотија и досада. Неговите единствени пријатели се купиштата играчки, кои водени од детската имагинација, се трансформираат во вистински ликови. Една порцеланска кукла волшебно оживува и се трансформира во древен кинески император, чија судбина е слика на судбината на малото дете.

Иако еден од раните филмови на Трнка, снимен само две години од формирањето на неговото студио, сепак за многумина претставува еден од најзначајните, како и еден од најубавите. Тој е првиот филм подоцна синхронизиран на англиски јазик, со цел презентација во западна Европа и Америка. Интересно е што синхронизацијата на американската верзија на овој филм ја направил токму Борис Карлоф, кој во тоа време бил на врвот од својата кариера, што говори многу за големината на авторот, како и за растежот на неговата слава во тоа време.

Филмот освојува многу награди на неколку фестивали ширум светот, меѓу кои наградата Мелиес во 1950 година, првото место на филмскиот фестивал во Локарно во 1955 година и други.

CÍSAŘŮV SLAVÍK
(The Emperor's Nightingale)
1949 година / 70 минути / 35 мм

Сценарио: Vítezslav Nezval, според Hans Christian Andersen;
Улоги: Helena Patockova, Jaromir Sobotoa и Detsky pevecky sbor Jana Kuhna.

Added by kinoteka on February 24, 2012

Interested 1