ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 06.05.2012 (недела), 20.00 часот

Слободни филмови во Кинотека на Македонија, по повод 10 години од формирањето на Слободен софтвер Македонија (04-09 мај 2012)

Изложба на најпопуларниот експеримент лед коцка, од скопскиот хаклаб КИКА, Слободен софтвер Македонија

Влезот е бесплатен.

Повеќе информации на: http://slobodensoftver.org.mk/slobodnifilmovi/

„Сита пее блуз“

Oвој филм е анимирана верзија на епската индиска приказна за Рамајана, во изведба на џез вокалистката од 1920 години, Анет Хеншо. Филмот ја раскажува приказната за Сита и Рама, паралелно со приказната на уметницата на филмот и нејзиниот сопруг. Сита е хинду божица од Рамајана која го придружува господарот Рама во шумата 14 години. Равана, господарот на Ланка, ја грабнува Сита...

Филмот „Сита пее блуз“ е издаден под лиценцата Creative Commons Attribution-Share-alike 3.0 Unported, што овозможува негово слободно прикажување доколку биде наведен авторот на филмот.

(Sita Sings The Blues)
Анимиран филм, Франција
2008 година, 82 минути, колор, ДВД
Режијa и сценарио: Нина Пејли (Nina Paley), според древниот еп Рамајана (Ramayana) на мудрецот Валмики (Valmiki);
Улоги: Анет Ханшо, Азем Кабра, Бавана Нагулапали (Annette Hanshaw, Aseem Chhabra, Bhavana Nagulapally).

Added by kinoteka on May 4, 2012

Interested 1