кеј 13-ти Ноември бб (Г.Т.Ц. 1-ви кат)
Скопје, null 1000

Проекции: 23.11.2012 (петок), од 12.00 часот

СИНЕДЕЈС 15-25 ноември 2012 - Помалку сапуница, повеќе филм
11 денови, 107 филмови
Повеќе на: http://www.cinedays.com.mk/

Денес на програмата на „Синедејс“:

кино Милениум

Репризи:
12.00 часот - „Пештера на заборавените сништа“ (Cave Of Forgotten Dreams) / Вернер Херцог (Werner Herzog) / '90
15.00 часот - „7 дена во Хавана“ (7 días en La Habana) / Гаспар Ное (Gaspar Noe) / '129

Премиери:
17.30 часот - „Преку ридовите“ (Beyond the hills) / Кристијан Мунгиу (Christian Mungiu) / '150
Овој стравичен, визуелно сензационален нов филм на режисерот Кристијан Мунгиу („Четири месеци, три недели и два дена“), инспириран од реалистичните новели на Татјана Николеску Бран, ни ја открива приказната за еден зафрлен манастир каде побожните млади жени послушно се мачат под будното око на суровиот свештеник познат како Папа (неверојатниот Валериу Андриута).

20.00 часот - „Холи Моторс“ (Holy Motors) / Леос Каракс (Leos Carax) / '115
Од зори до самрак, неколку часа од животот на месје Оскар, мистериозен лик кој патува од еден живот во друг. Тој е индустријалец, платен убиец, просјак, чудовиште, семеен човек... Господинот Оскар е самотник. Него го придружува само Селин, витка русокоса жена која стои зад воланот на огромното возило кое го пренесува низ Париз.

22.30 часот - „Магичниот Мајк“ (Magic Mike) / Стивен Содерберг (Steven Soderbergh) / '110
Мајк (Ченинг Тејтум) е бизнисмен. Но, ноќе тој едноставно е магичен. Главната ѕвезда од машките списанија, магичниот Мајк со години владее на сцената со незаборавните танчерски движења. Тој сака подобро да ја запознае прекрасната Брук (Коди Хорн) и изгледа дека има шанса за тоа, сѐ додека патот не му го попречи неговиот животен стил.

кино Фросина

19.00 часот - „Полицаец“ (Policeman) / Надав Лапид (Nadav Lapid) / '105
Еден од најпровокативните израелски филмови последниве години. Атмосферата потсетува на времето на Бадер-Мајнхов, на „симпатиите“ кон терористичкиот авантуризам. Приказната е во насока на милитантниот гнев кон социјалната нееднаквост, политичката ароганција на власта во Израел.

21.00 часот - „Клип“ (Clip) / Маја Милош (Maja Milos) / '100
Филмот предизвика сериозни полемики и дискусии пред сѐ околу ставот на авторката дека се работи за евидентни општествени состојби кои ја „отсликуваат“ младата српска популација. Контроверзиите изгледа се најдобрата реклама за „Клип“. Сепак, како што вели народот, каде има чад, има и оган. Милош е претставник на една нова српска филмска генерација која без предрасуди зборува за сите табу-теми.

23.00 часот - „Замолкни и свири хитови“ (Shut up and play the hits) / Dylan Southern, Will Lovelace / '108
Последниот концерт на сјајните LCD Soundsystem во Њујорк. Филмот го следи фронтменот James Murphy во период од 48 часа, од утрото пред последниот концерт на бендот во Madison Square Garden па сè до следното утре. Визуелно совршен, концертен документарец. Регионална премиера на еден од најинтересните музички документарци годинава.

Кинотека на Македонија

18.00 часот - „Мравји крик“ (Ant Scream) / Самех Абдел Азиз (Sameh Abdel Aziz) / '104
20.30 часот - „18 денови“ (18 Days), кратки играни филмови, Египет
„Задржување“ (Retention) / Шериф Арафа (Sherif Arafa)
„Божјо создавање“ (God’s Creation) / Камла Абу Зикри (Kamla Abou Zikri)
„19-19“ (19-19) / Марван Хамед (Marwan Hamed)
„Кога ќе ве погоди поплава“ (When The Food Hits You) / Мохамед Али (Mohamed Ali)
„Полициски час“ (Curfew) / Шериф Ел Бендари (Sherif El Bendari)
„Револуциски колачиња“ (Revolution Cookies) / Калед Мареи (Khaled Marei)
„#Тахрир 2/2“ (#Tahrir 2/2) / Маријам Абу Уф (Mariam Abou Ouf)
„Прозорец“ (Window) / Ахмад Абдала (Ahmad Abdallah)
„Внатрешен / надворешен“ (Interior / Exterior) / Јусри Назрака (Yousry Nasrallah)
„Ашраф Себерто“ (Ashraf Seberto) / Ахмед Ала (Ahmad Alaa)

Музичка програма

00.00 часот - ДЈ Мирко Попов, Младински културен центар

Added by kinoteka on November 15, 2012

Interested 1