Проекции: 22.11.2012 (четврток), од 12.00 часот
СИНЕДЕЈС 15-25 ноември 2012 - Помалку сапуница, повеќе филм
11 денови, 107 филмови
Повеќе на: http://www.cinedays.com.mk/
Денес на програмата на „Синедејс“:
кино Милениум
Репризи:
12.00 часот - „Цезар мора да умре“ (Cesare deve morire) / Паоло и Виторио Тавијани (Paolo Tavianni, Vittorio Tavianni) / '76
15.00 часот - „За Рим со љубов“ (To Rome With Love) / Вуди Ален (Woody Allen) / '112
Премиери:
17.30 часот - „Во бездна“ (Into The Abyss) / Вернер Херцог (Werner Herzog) / '107
Генијалниот режисер Вернер Херцог ја става на испит човечката психа за да истражи зошто луѓето убиваат и зошто државата убива. Во интимните разговори со осудените, вклучително и со 28-годишниот Мајкл Пери, осуден на смрт (чија смртна казна е закажана осум дена по премиерата на филмот), Херцог го постигнува она кое го има опишано како „поглед во бездната на човечката душа“.
20.00 часот - „7 дена во Хавана“ (7 días en La Habana) / Гаспар Ное (Gaspar Noe) / '129
Седум режисери ни ја нудат сопствената визија за современа Куба во оваа епизодна драма во која се преплетуваат човечки животи во период од седум дена. Бенисио дел Торо својата приказна ја фокусира на првите впечатоци кај туристите за земјата, a Гаспар Ное предизвикува религиозна тензија со егзорцизам,...
22.30 часот - „Пештера на заборавените сништа“ (Cave Of Forgotten Dreams) / Вернер Херцог (Werner Herzog) / '90
Новиот спектакуларен 3D документарен филм на неспоредливиот Вернер Херцог („Средби на крајот на светот“, „Човекот гризли“) следи една неверојатна експедиција на пат кон речиси непристапната пештера Шове во Франција, дом на најстарата позната визуелна уметност создадена од човекот.
кино Фросина
19.00 часот - „Секој во нашето семејство“ (Everybody in our family) / Раду Јуде (Radu Jude) / '108
Мариус е разведен, Отилија е премажена, а ќерка им Софија е на распаќе, со мама или со тато...Неверојатно чудни настани и околности се испреплетуваат во овој филм. Разделено семејство, еден куп недоразбирања, детска психологија, хумор, насилство и полиција, нешто љубов, капки крв и поезија?
21.00 часот - „Вашата убавина не вреди ништо“ (Your Beauty Is Worth Nothing) / Хусеин Табакд (Hüseyin Tabakd) / '86
Темата на филмот се проблемите на емигрантите во Европа. Преку ликот на 12-годишно турско момче, соочено со тешкотиите на интеграцијата во новата средина, режисерот Табак го отсликува болното секојдневие на семејството, но секогаш одбегнувајќи ја непотребната сентименталност и внесувајќи потребна доза на хумор.
23.00 часот - „Деца на социјализмот - Заменете ми ја главата“ (Otroci socializma) / Бране Битенц (Brane Bitenc) / '48
Среднометражен документарен филм за култниот бенд Otroci Socializma (Деца на социјализмот), словенечки еквивалент на Џој Дивижн (Joy Division). Без некоја поголема сентименталност, со само трошка носталгија, филмот ја раскажува приказната за бендот реоформен за концерт речиси 30 години подоцна.
Кинотека на Македонија
18.00 часот - „Родена на 25 јануари“ (Born January 25) / Ахмед Рашван (Ahmed Rashwan) / '80
20.30 часот - „Излез од Каиро“ (Cairo Exit) / Хешам Исави (Hesham Issawi) / '100
Музички документарци
17.00 часот - „Раскрсници“ (Crossovers) / '51, во Џепно кино
Oвој филм е омнибус снимен од 10 студенти. Пет парови снимија пет приказни за односот кон филмот и музиката, проследувајќи пет концерти - Mick Harvey (екс-Bad Seeds…), Damo Suzuki (екс-Can), Jaki Liebezeit (екс-Can) и Burnt Friedman (Flanger), Bilk и Jarboli.
20.00 часот - „Ел медико: Кубанска приказна“ (El Medico: The Cubaton story) / '85, во Кубански ресторан
Можат ли еден капиталистички продуцент и еден доктор од Куба, со целосно различни сфаќања за музичката индустрија и забавата да соработуваат? Така добивате број еден летен хит. Се разбира, врската помеѓу нив ја усложнуваат две жени.
Музичка програма
21.00 часот - ДЈ Шурбеира, Кубански ресторан
Added by kinoteka on November 15, 2012