Проекции: 21.11.2012 (среда), од 12.00 часот
СИНЕДЕЈС 15-25 ноември 2012 - Помалку сапуница, повеќе филм
11 денови, 107 филмови
Повеќе на: http://www.cinedays.com.mk/
Денес на програмата на „Синедејс“:
кино Милениум
Репризи:
12.00 часот - „Лов на лососи во Јемен“ (Salmon Fishing in Yemen) / Ласе Халстром (Lasse Hallstrom) / '107
15.00 часот - „Хипнотизер“ (Hypnotist) / Ласе Халстром (Lasse Hallstrom) / '122
Премиери:
17.30 часот - „Сестра“ (Sister) / Урсула Меиер (Ursula Meier) / '97
Лукавиот 12-годишен Симон (Каси Моте Клајн) безделничи во еден луксузен ски-центар на Алпите каде што постојано краде скии и друга опрема и ги продава. Остатокот од времето го минува грижејќи се за својата неспокојна сестра Луиз (Леа Сејду) која го минува својот бесцелен живот во невработеност и промискуитет.
20.00 часот - „Цезар мора да умре“ (Cesare deve morire) / Паоло и Виторио Тавијани (Paolo Tavianni, Vittorio Tavianni) / '76
Освојувачот на „Златна мечка“ на овогодинешното „Берлинале“, филмот „Цезар мора да умре“ на Паоло и Виторио Тавијани, умешно ги комбинира нарацијата и документарниот елемент во една извонредно моќна драма во драма. Филмот е снимен во затворот „Ребибија“ во Рим каде затворениците се подготвуваат да ја постават Шекспировата драма „Јулиј Цезар“.
23.00 часот - „За Рим со љубов“ (To Rome With Love) / Вуди Ален (Woody Allen) / '112
„За Рим со љубов“ е калеидоскопска комедија сместена во еден од најмагичните градови во светот. Додека Рим е град кој изобилува со романса и комедија, „За Рим со љубов“ на Вуди Ален е филм за луѓе кои доживуваат авантури кои засекогаш ќе им го променат животот.
кино Фросина
19.00 часот - „Вера, љубов и виски“ (Faith, Love and Whiskey) / Кристина Николова (Kristina Nikolova) / '75
И самиот наслов на филмот зборува за распаќата на кои човек може да се најде во својот живот, особено млада жена. Вистинскиот избор меѓу две животни опции по правило е непредвидлив. Музиката во филмот е убав зачин за целосниот впечаток.
21.00 часот - „Фала за Сандерленд“ (Hvala za Sunderland) / Слободан Максимовиќ (Slobodan Maksimović) / '92
Словенија денес. Јохан (44), работник во фабрика, сонува за пристоен живот за себе и за своето семејство. Неговиот најдобар пријател Јанез го запознава со Златко, кој никогаш не го вади bluetooth-уредот од увото. Тие му нудат брза заработка, подобро работно место и покачување на платата. Но, на Јохан не му оди ништо од рака, па дури ни обидот за самоубиство, но тогаш Сандерленд го победува Манчестер Јунајтед...
23.00 часот - „Брајан Ино“ (Brian Eno - Another green world) / Никола Робертс (Nicola Roberts) / '60
Од почетоците на Roxy Music пред 40 години кои беа предигра за револуционерни амбиентални експерименти, па сè до продуцентската улога во клучните албуми на David Bowie, Talking Heads, U2 или Coldplay – Brian Eno заслужено ја носи титулата гениј. Гледајте ја премиерата на еден од најдобрите британски музички документарни филмови во последните неколку години.
Кинотека на Македонија
18.00 часот - „Работници - подготвени на се'“ (Workers - Pronti a tutto) / Лоренцо Вињоло (Lorenzo Vignolo) / '105
20.30 часот - „Осаменоста на простите броеви“ (La solitudine dei numeri primi) / Саверио Костанцо (Saverio Costanzo) / '118
Музичка програма
00.00 часот - DJ Marszky MAtzz, Младински културен центар
Added by kinoteka on November 15, 2012