кеј 13-ти Ноември бб (Г.Т.Ц. 1-ви кат)
Скопје, null 1000

Проекции: 20.11.2012 (вторник), од 12.00 часот

СИНЕДЕЈС 15-25 ноември 2012 - Помалку сапуница, повеќе филм
11 денови, 107 филмови
Повеќе на: http://www.cinedays.com.mk/

Денес на програмата на „Синедејс“:

кино Милениум

Репризи:
12.00 часот - Проект Берлин (Berlin Project) / Иво Трајков / '90
15.00 часот - „Пиета“ (Pieta) / Ким Ки Дук (Kim Ki Duk) / '104

Премиери:
17.30 часот - „Лов на лососи во Јемен“ (Salmon Fishing in Yemen) / Ласе Халстром (Lasse Hallstrom) / '107
Еден шеик-визионер, верува дека неговата страст за спортски риболов на лососи може да го збогати животот на неговиот народ и тој сонува да го префрли овој спорт во пустината каде што нема многу риба. Еден необичен тим ќе преземе огромен ризик и ќе започне едно патување за да докаже дека и невозможното може да биде возможно.

20.00 часот - „'Рѓа и коски“ (Rust and Bone) / Жак Одиар (Jacques Audiard) / '120
Али (Матијас Шоенертс) се наоѓа со петгодишно дете в раце. Сем (Арманд Вердуре) е негов син, но тој одвај го познава. Без дом, без пари и без пријатели, Али наоѓа прибежиште кај неговата сестра Ана (Корин Масиеро) во Антиб, на југот на Франција.

22.30 часот - „Хипнотизер“ (Hypnotist) / Ласе Халстром (Lasse Hallstrom) / '122
Среде една мрачна декемвриска ноќ, психијатарот Ерик Марија Барк го буди телефонски повик од болницата во Стокхолм. Детективот-инспектор Јона Лина бара итна помош за терапија на пациент во кома кој страда од акутна траума. Тој се надева дека Ерик ќе успее да воспостави комуникација со младото момче по пат на хипноза по што полицијата ќе може да го испраша.

кино Фросина

19.00 часот - „Ѕверилник“ (Zverinjak) / Марко Новаковиќ (Marko Novakovic) / '105
„Ѕверилник“ е драма која се случува во раните 90-ти години од минатиот век во едно српско село во близина на брегот на реката Дрина. Ова е приказна за моралниот и историски распад на една земја, сместена во средина отсечена од урбаниот живот, во едно поднебје во кое владеат одредени правила и односи меѓу луѓето.

21.00 часот - „Смрт на човек од Балканот“ (Smrt Coveka na Balkanu) / Мирослав Момчиловиќ (Miroslav Momcilovic) / '80
Почетокот е - смртта на еден композитор... Црна комедија која го истражува балканскиот менталитет. Камерна драма со многу хумор, одлични дијалози, необична снимателска работа. Филм преполн со маниризам и сатира.

23.00 часот - „Во оган“ (Yangin Var) / Мурат Саракоглу (Murat Saracoglu) / '99
Живописна, романтична, необична, но пред се забавна приказна за патешествието на пожарникарскиот автомобил и неговиот возач Косман. Хуморот и намерната „наивност“ во турските приказни секогаш се нивните големи адути и кај публиката и кај критиката.

Кинотека на Македонија

18.00 часот - „Деловен човек“ (L’Industriale) / Џулијано Монталдо (Giuliano Montaldo) / '100
20.30 часот - „Скапоцен камен“ (Il Gioiellino) / Андреа Молајоли (Andrea Molaioli) / '110

Музички документарци

20.30 часот - „Двор“ (Backyard) / Арни Свеинсон (Arni Sveinsson) / '72, плато на Младински културен центар
Рејкјавик, 2009 година. Лето е. Младич по име Арни Рунар има идеја во својот двор да собере бендови и пријатели од неговата генерација, каде што тие ќе одржат концерт. Гледаме интересен преглед на исландската андерграунд сцена, во друштво на Múm, Hjaltalín, FM Belfast, Retro Stefson, Sin Fang Bous, Borko и Reykjavík.

Added by kinoteka on November 15, 2012

Interested 1