кеј 13-ти Ноември бб (Г.Т.Ц. 1-ви кат)
Скопје, null 1000

Проекции: 19.11.2012 (понеделник), од 12.00 часот

СИНЕДЕЈС 15-25 ноември 2012 - Помалку сапуница, повеќе филм
11 денови, 107 филмови
Повеќе на: http://www.cinedays.com.mk/

Денес на програмата на „Синедејс“:

кино Милениум

Репризи:
12.00 часот - „Јас и ти“ (Me and You) / Бернардо Бертолучи (Bernardo Bertolucci) / '103
15.00 часот - „На пат“ (On the road) / Вaлтер Салес (Walter Salles) / '137

Премиери:
17.30 часот - „Артистот“ (The Artist) / Мишел Азанависијус (Michel Hazanavicius) / '100
Холивуд, 1927 година. Џорџ Валентин (Жан Дужардан) е ѕвезда на немите филмови. Појавата на звучни филмови ќе го означи крајот на неговата кариера и тој ќе замине во заборав. Но, за младата Пепи Милер (Беренис Бежо) само небото е граница...

20.00 часот - Проект Берлин (Berlin Project) / Иво Трајков / '90
Главен протагонист во филмот е Себастијан (Блерим Дестани), млад, атрактивен и амбициозен актер, човек со лична мисија за која има само 90 минути. По загубата на неговата девојка Хана (Николет Кребиц), Себастијан се претвора во огорчен човек и повеќе не може вистински да ужива во светот на филмот.

22.30 часот - „Пиета“ (Pieta) / Ким Ки Дук (Kim Ki Duk) / '104
Еден човек е најмен од лихвари за да работи како изнудувач и брутално да им се заканува на должниците за враќање на заемите. Toj нема семејство, ниту што да загуби, па продолжува со неговото безмилосно однесување. Но, во неговиот живот се појавува жена која тврди дека му е мајка.

кино Фросина

19.00 часот - „Кец пик“ (AS PIK) / Драшко Ѓуровиќ (Drasko Djurovic) / '84
Деведесеттите. Двајца браќа, Бели и Кента сакаат да побегнат во Италија. Кента ја запознава Сања, Бели го бараат пријателите од минатото. Може ли да се побегне од деведесеттите?

21.00 часот - „Неверници“ (The Miscreants) / Мошин Бесри (Mochine Besri) / '90
Дебитантскиот филм на Бесри е еден од сѐ почестите примери како со мал буџет да се направи инвентивен и добар филм. Во камерни услови е снимена една драма која се одвива помеѓу тројца киднапери и петмина артисти - заложници. Постигната е неверојатна тензија во нивната комуникација, а видлива е големата слобода на актерите во интерпретација на ликовите.

23.00 часот - „Деца“ (Children of Sarajevo) / Аида Бегиќ (Aida Begic) / '90
Филм за војната како последица, кога соништата се заменуваат со спомени. Верскиот и идеолошкиот јаз меѓу децата во Сараево сè уште постои, до ден денес. Овие проблеми не се решаваат со терапија, онака како што западниот свет замислува. Прашањето- како да се прости непростливото-засекогаш останува отворено.

Музички документарци

19.00 часот - Poetry films, во Менада
21.00 часот - „Винили од втора рака“ (Secondhand Sureshots) / Mark McNeill, Bryan Younce / '30, во Излет
Краток и мега-забавен филм, поточно dublab, проект за создавање чуда од половни винили.

Музичка програма, Излет

22.00 часот - DJ Game Over

Added by kinoteka on November 15, 2012

Interested 1