Проекции: 17.11.2012 (сабота), од 12.00 часот
СИНЕДЕЈС 15-25 ноември 2012 - Помалку сапуница, повеќе филм
11 денови, 107 филмови
Повеќе на: http://www.cinedays.com.mk/
Денес на програмата на „Синедејс“:
кино Милениум
Репризи:
12.00 часот - „Атлас на облаците“ (Cloud Atlas) / Том Тиквер и Енди и Лана Вачовски (Tom Tykwer, Анди и Лана Bачовски) / '164
15.00 часот - „Дамата“ (The Lady) / Лик Бесон (Luc Beson) / '132
Премиери:
17.30 часот - „Единствено ветерот“ (Just the wind) / Бенедек Флигауф (Benedek Fliegauf) / '86
Веста за убиството на едно ромско семејство во едно унгарско село се шири со молскавична брзина. Злосторниците бегаат и не се јавува никој кој би можел да знае кој го извршил злосторството.
20.00 часот - „Космополис“ (Cosmopolis) / Дејвид Кроненберг (David Cronenberg) / '108
Њујорк, не премногу далечна иднина: Ерик Пакер, 28-годишен милијардер кој сонува да живее во понапредна цивилизација, гледа како се спушта сенка врз небото на галаксијата Вол Стрит, чиј неприкосновен крал е токму тој.
22.30 часот - „Твикст/Помеѓу светови“ (Twixt) / Франсис Форд Копола (Francis Ford Copolla) / '88 Еден писател чија кариера оди во надолна насока, пристигнува во едно гратче, дел од неговата турнеја за промоција на книга, каде се вплеткува во мистериозното убиство на едно девојче.
кино Фросина
19.00 часот - „Гејмер“ (Gamer) / Олег Сенцов (Oleg Sentsov) / '92
„Гејмер“ е филм кој истовремено зборува за осаменоста и успехот. Тоа е можно само во виртуелниот свет на игрите, и кога победувате вие сте губитник.
21.00 часот - „Брчки“ (Arrugas) / Игнасио Ферерас (Ignacio Ferreras) / '89
Филмот е адаптација на истоимениот стрип на познатиот шпански цртач Пако Рока. Се работи за одлично сценарио и многу оригинална анимација. Многу поблиску до класичната школа, отколку до „пиксар“ технологијата, филмот зрачи со топлина и наративна возбуда.
23.00 часот - „Воинствени девојки“ (Combat girls) / Дејвид Внендт (David Wnendt) / '100
Нео-фашизмот е актуелна тема во германското општество. Млади луѓе кои дома се ангели, на улица се однесуваат како демони, агресивно и одмазднички.
Kинотека на Македонија
18.00 часот - „Пјетро“ (Pietro) / Даниеле Гаљаноне (Daniele Gaglianone) / '82
20.30 часот - „`Рѓа“ (Ruggine / Rust) / Даниеле Гаљаноне (Daniele Gaglianone) / '109
Added by kinoteka on November 15, 2012