Проекции: 16.11.2012 (петок), од 12.00 часот
СИНЕДЕЈС 15-25 ноември 2012 - Помалку сапуница, повеќе филм
11 денови, 107 филмови
Повеќе на: http://www.cinedays.com.mk/
Денес на програмата на „Синедејс“:
кино Милениум
Репризи:
12.00 часот - „Љубов“ (Amour) / Михаел Ханеке (Michael Haneke) / '125
15.00 часот - „Врата“ (The Door) / Иштван Шабо (Istvan Szabo) / '97
Премиери:
17.30 часот - „Во куќата“ (In The House) / Франсоа Озон (Francois Ozon) / '105
Започнува новата учебна година. Средношколскиот професор Жермен ги оценува есеите на своите ученици. Ужасни се! Сите освен еден, оној на Клод, кој седи во последната клупа „од каде што можеш да ги гледаш сите други“. Есејот на Клод открива интересно чувство на набљудување кое се граничи со воајеризам.
20.00 часот - „Дамата“ (The Lady) / Лик Бесон (Luc Beson) / '132
„Дамата“ претставува епска љубовна приказна за една необична двојка и семејство кои плаќаат висока човечка цена жртвувајќи ја сопствената среќа за повисока цел.
22.30 часот - „Атлас на облаците“ (Cloud Atlas) / Том Тиквер и Енди и Лана Вачовски (Tom Tykwer, Анди и Лана Bачовски) / '164
Овој филм е адаптација на познатиот роман на Дејвид Мичел. Филмот истражува како постапките во индивидуалните животи влијаат една врз друга во минатото, сегашноста и иднината, како една душа може се развива од убиец во херој и како едно добро дело патува низ вековите и поттикнува револуција.
кино Фросина
16.30 часот - „Естонка во Париз“ (Estonien a Paris) / Илмар Рааг (Illmar Raag) / '94
Филм за две жени и две култури (Франција и Естонија), изобилство од префинети детали во режијата, кои оваа навидум лесна тема ја претвора во вистинска драма. Адут во филмот е безвременската Жана Моро која брилира во улогата на Фрида.
19.00 часот - „Алојз Небел“ (Alois Nebel) / Томас Лунак (Tomas Lunak) / '84
Технички оригинална и визуелно атрактивна анимирана сторија во која се поврзува модерна Чешка и политичките промени во однос на минатото преку силната метафора на железничката пруга и отправникот на возови на малата станица во Бјали Поток, Алојз Небел.
21.00 часот - „Хенрик од задниот ред“ (Herr Wichmann aus der dritten Reihe) / (Андреас Дресен) Andreas Drsen / '90
Хенрик Вихман, 33-годишен член на партијата Христијанска демократска унија (CDU), ја претставува опозицијата во Бранденбуршкиот покраински парламент уште од 2009 година. Филмот го следи неговиот живот во текот на една година, набљудувајќи ја неговата работа.
23.00 часот - „Запрен на патот“ (Stopped on track) / (Андреас Дресен) Andreas Drsen / '110
На 40-годишниот Франк кој е во добро здравје, му е дијагностициран неизлечив тумор на мозокот и одеднаш е осуден на само неколку месеци живот. Тоа претставува шок за Франк, чиј живот наизглед се наоѓа на вистински пат.
Кинотека на Македонија
20.30 часот - „За се' е виновен Јуда“ (Tutta colpa di Giuda) / Давиде Ферарио (Davide Ferrario) '102
Музички документарци, Менада
20.00 часот - „Вилушка полна со љубов“ (Виљушка пуна љубави) / Милица Јовчиќ, Александра Миленковиќ (Milica Jovčić, Aleksandra Milenković) / '75
Две млади белградски авторки снимиле омнибус од 5 приказни, каде воведната и завршната приказна се занимава со бендовите од „Бигз“ (Repetitor, Stuttgart Online, Kriške,...), а помеѓу нив се приказните за бендовите Goribor, Pionir 10 и Horkestar.
Музичка програма, Менада
21.30 часот - ДЈ Марсо
Added by kinoteka on November 15, 2012