Седмиот филм на Еди Терштал „Симон“ е филм за смртта.
Симон е дилер, весел човек опкружен со жени. Симон мрази хомосексуалци. Па сепак, се зближува со еден забар кој е хомосексуалец. Заедно заминуваат за Тајланд, каде нивното пријателство ќе биде ставено на тест. Повторно се сретнуваат по четиринаесет години. Симон боледува од рак.
Според Терштал, „Симон“ зборува за „начинот на кој се справуваме со смртта во Холандија, но и со сексуалноста и законот“. Овој филм беше холандски претставник на Оскарите.
Simon/ 2004 година
Игран филм/ колор/ 102 минути
Режија: Еди Терштал
Ќе биде прикажан и краткиот игран филм „Успех“.
Added by kinotekamk on February 17, 2010