ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

4-13 октомври ЦИКЛУС ФИЛМОВИ НА АНДРЕЈ КОНЧАЛОВСКИ

„Сибиријада“

Малото и изолирано село Елан е населено од само две семејства меѓу кои постои нетрпеливост која трае со генерации. Од една страна се богатите Соломини, а од друга страна се сиромашните Устизанини. Нивните патишта постојано се вкрстуваат во љубовта и омразата. Единственото нешто кое го делат е нивното родно место, земјата за која еден од главните ликови ќе рече: „Не е многу добра, но е најдоброто нешто што можеме да го добиеме!“ Филмот „Сибиријада“ е составен од четири дела. Приказната во првиот дел од овој филм е сместена на почетокот од 20-тиот век, втората е во 1930-тите години, додека, пак, приказната во третиот и четвртиот дел е сместена во 1960-тите.

(Сибириада)
игран филм, СССР
1978, 199 мин., колор, ДВД

режија: Андреј Кончаловски (Andrei Konchalovsky)
сценарио: Валентин Ежов, Андреј Кончаловски (Valentin Ezhov, Andrei Konchalovsky)
улоги: Јелена Коренева, Владимир Самојлов, Људмила Гурченко, Никита Михалков (Yelena Koreneva, Vladimir Samojlov, Lyudmila Gurchenko, Nikita Mikhalkov)

Added by kinoteka on October 2, 2012

Interested 1