Шарл Де предводи фабрика за производство на часовници, бизнис што го наследил од своите татко и дедо. На 20-годишна возраст го преземал кормилото само за да не замре фамилијарниот бизнис, иако отсекогаш сонувал за поинаква иднина. Но на овие години, успехот не му значи многу зашто животот му е празен и тажен, поминал без да го проживее. И затоа решава да раскрсти со фамилијарното наследство, го остава и семејството и отседнува во хотел. За кратко ќе се запознае со една млада двојка, која тера боемски живот. Тој се преселува кај Пол и Аделин и се прекрстува во Карло. Ќерка му Мариан потполно го сфаќа, но син му Пјер ќе најми детектив и адвокат...
Charles, mort ou vif
35мм/ црно-бел/ 93`
1969 година
Режисер: Алан Танер
Сценарио: Алан Танер
Улоги: Франсоа Симон, Марсел Робер, Мари-Клер Дуфор, Андре Шмит, Маја Симон
Added by kinotekamk on November 15, 2010