Проекции: 24.04.2013 (среда), од 18.00 часот
16-то издание на Скопје филм фестивал, 19-27 април, 2013
Кино Милениум
18.00 часот - „Вештачки раеви“
„Вештачки раеви" ни ја раскажува љубовната приказна на Нандо и Ерика, двајца млади луѓе во раните 20-ти, кои се наоѓаат и губат еден со друг во текот на годините. Со универзумот на мегарејв и електронските музички фестивали во позадината, филмот го прикажува созревањето на протагонистите преку нивните искуства со семејството и пријателите.
Поставен во 2000-тите, филмот има неколку делови: првиот се одвива во Амстердам, каде што Нандо патува со својот пријател Патрик, и каде што ќе ја сретне Ерика, диџеј. Вториот се случува неколку години порано, на рејв покрај морето, каде Ерика оди на патување со нејзината пријателка Лара, и каде што Нандо е, исто така, меѓу присутните, со Патрик. Третиот се одвива неколку години по првиот чин, во Рио де Жанеиро, родниот град на Нандо, каде што тој се соочува со семејни проблеми и каде што, на крајот, тој ја среќава Ерика.
Artificial paradises, Brasil, 2012, 96 min.
Режија: Marcos Prado
20.00 часот - „Поедноставувајќи ја нејзината убавина“
Со восхитувачки поглед, ранливост и прекрасна смисла за хумор, експлозивно креативниот дебитантски филм на Теренс Ненс ја следи неговата врска со прекрасна млада жена, која балансира на работ помеѓу платонска и романтична. Комбинирајќи игран филм и различни стилови на анимација, Ненс ги истражува фантазиите, емоциите и сеќавањата кои минуваат низ неговиот ум за време на еден момент. Играните делови се преточуваат во неверојатно креативна анимација каде што личното отстапува место на универзалното. Филм кој ќе ве остави без здив.
An oversimplification of her beauty, USA, 2012, 93 min.
Режија: Terence Nance
Улоги: Terence Nance, Namik Minter
22.00 часот - „Збрканиот петок“
Со постојано забрзување на темпото, овој трилер/црна комедија ја раскажува приказната за осум многу различни групи, чии патишта се преплетуваат вo просторот за 24 часа. Среќаваме еден широк спектар на карактери, од расипани богати детишта до мешетари од самото дно, а во средината, сите останати. Во најдобрите традиции на commedia dell'arte, ликовите имаат лесно препознатливи улоги, иако постојат неколку пресврти за да се измести публиката и да се задржи свежината. Приказната се врти околу неколку чудни коинциденции и носењето на лоши одлуки, кои резултираат во еден навистина збркан петок.
Bad hair friday, Estonia, 2012, 100 min.
Режија: AndresKopper, ArunTamm
Улоги: Kirke Algma, Martin Algus, Sten Karpov
Кино Рамстор
18.00 часот (реприза) - „Седум психопати“
Seven Psychopaths, UK/USA, 2012, 109 min.
Режија: Martin McDonagh
Улоги: Abbie Cornish, Christopher Walken, Colin Farrell
20.00 часот (реприза) - „Хајд парк на Хадсон“
Hyde park on Hudson, USA, 2012, 95 min.
Режија: Roger Michell
Улоги: Bill Murray, Laura Linney
22.00 часот (реприза) - „Многу сум возбуден!“
I’m So Excited!, Spain, 2013, 90 min.
Режија: Pedro Almodovar
Улоги: Javier Camara, Raul Arevalo
Added by kinoteka on April 22, 2013