Проекции: 23.04.2013 (вторник), од 18.00 часот
16-то издание на Скопје филм фестивал, 19-27 април, 2013
Кино Милениум (Цена на влезници: 100 денари)
18.00 часот - „Куќа со кула“
Осумгодишно момче патува со неговата мајка кај неговиот дедо, но нивното патување се прекинува кога младата жена умира од тифус во непознат град, сиромашен и во урнатините како и другите градови по патот. Сепак, момчето е решено да продолжи. Филмот на Ева Нејман е визуелно патување во земја покриена со снег и осиромашена од војната. Ова е место на убави, напуштени предели и луѓе кои ги надминале желбите и алчноста. Филмот е базиран врз мотивите од автобиографски приказна со истиот наслов од страна на писателот и сценарист Фридрих Горенштајн, кој го има напишано сценариото за „Соларис“ на Тарковски.
Housewith a Тоuret, Ukraine, 2012, 79 min.
Режија: Eva Neymann
Улоги: Dmitriy Kobetskoy, Katerina Golubeva
20.00 часот - „Хајд парк на Хадсон“
Само неколку американски претседатели биле сведоци на голем историски период, како Френклин Делано Рузвелт. Единствениот претседател на САД кој владеел во три последователни мандати. Духовит, мудар и ласцивно забавен, „Хајд Парк на Хадсон" на Роџер Мичел прикажува еден од последните предвоени периоди во 1939 година, кога кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета на Англија доаѓаат на покана на претседателот во неговата резиденција. Англија се соочува со војна со Германија и очајно и е потребна американската помош.
Престојот на кралскиот пар во Хајд Парк на Хадсон е забележан како прва официјална посета на британската монархија на САД. Филмот на комичен начин го отсликува културолошкиот шок и случувањата кои следат по откривањето на љубовната аферата на Рузвелт за време на посетата на кралскиот пар.
Hyde park on Hudson, USA, 2012, 95 min.
Режија: Roger Michell
Улоги: Bill Murray, Laura Linney
22.00 часот - „Седум психопати“
Во оваа црна комедија, Фарел го игра Марти, писател кој сонува да го заврши своето сценарио, но нема фокус и инспирација. Били, неговиот најдобар пријател, е невработен глумец кој повремено се занимава со крадење на кучиња. Сакајќи да му помогне, објавува реклама во весник, каде бара откачени приказни, наведувајќи го бројот на Марти. Откако ќе ја украде саканата кучка на мафијашкиот шеф, го вовлекува Марти во светот за кој тој само пишува. Марти во еден момент ќе добие се', и фокус и инспирација кои му се очајно потребни, само е потребно да остане жив за да ја раскаже приказната. Со трагикомични сцени и брилијантни улоги на Кристофен Вокен, Вуди Харелсон, Том Веитс и Сем Роквел.
Seven Psychopaths, UK/USA, 2012, 109 min.
Режија: Martin McDonagh
Улоги: Abbie Cornish, ChristopherWalken, Colin Farre
Кино Рамстор
18.00 часот - Кратки хорор филмови
*бесплатен влез
„Лисици“
Елен и Џејмс живеат сами во тивкиот лавиринт на унифицирани куќи населени само со пискави лисици. Џејмс сообраќа до и од работа секој ден од утро до самрак. Елен го троши своето време фотографирајќи ги лисиците. Нејзината разонода станува опсесија која го отуѓува Џејмс. Еден ден таа бега од дома, губејќи се во бескрајни редови на обраснатите градини ...
Foxes, Ireland, 2011,16 min.
Режија: Lorcan Finnegan
Улоги: Marie Ruane, Tom Vaughan-Lawlor, Karen Griff
„Таму надвор“
Приказна за Роб, кој се буди од несвест длабоко во шумата. Тој не се сеќава како дошол таму. Зачуден од прекрасната тивка средина и мачен од сеќавањата на настаните кои го довеле до проблемите, особено моментите поминати со долгогодишната девојка Џејн, Роб сфаќа дека нешто е длабоко погрешно, бидејќи се чини дека нема никого наоколу. Сега мора повторно да го пронајде начинот за да ја дознае вистината.
Out There, Ireland, 2012, 15 min.
Режија: Randal Plunkett
Улоги: Conor Marren, Emma Eliza Regan, Cian Lavelle Walsh
„Ноќта на ѓаволот“
Кога шарлатанот Пол претендира да го избрка духот од една стара баварска куќа, тој се среќава со невозможно - присуство на натприродното. Во обидот да ја спаси оваа навидум слаба, изгубена душа, тој го ослободува духот на осветољубивиот пироман... Шарлатанот “егзорцист“ добива повеќе отколку што се надевал, кога неговата најнова работа станува реална. Иако е работен да личи на комедија, ова е всушност еден од најстрашните филмови.
Night of the Devil Germany, 2011, 15 min.
Режија и сценарио: Wolfgang Boehm & Florian Puchert
Улоги: Simon Schwarz, Laura Maire, Wowo Habdank & Timo Eberler
„Свеченост“
„Свеченост“ ги споредува, на поетски начин, модерниот ритуал на матурскаста забава со ритуалите на древни цивилизации, фрлајќи вознемирувачки поглед на човековата природа. Во текот на само еден долг кадар, снимен во бавно движење, водени од бизарниот ритам на музиката, ние полека чекориме во злобниот амбиент на оваа матурска свеченост. Во прво време, младите се прекрасни и изгледа целосно уживаат во моментот, но како што поминува времето, се повеќе и повеќе почнуваат да се случуваат социјално "несоодветни" работи, како што почнуваат да се ослободуваат потиснатите инстинкти на учесниците.
At the formal, Australia, 2011, 7 min.
Режија: Andrew Kavanagh
Улоги: David Macrae, Pauline Streatfeild, Anthony Littlechild, Jeremy Kewelly
20.00 часот - „Аи Веивеи: Без прошка“ (Цена на влезница: 50 денaри)
Карактерната студија за најпознатиот и наjкритичен визуелен уметник и дисидент во Кина, кој делува во земјата и покрај строгата цензура, добивајќи големи признанија на меѓународно ниво, „Аи Веивеи: Без прошка“ е дебитантски документарец во режија на Алисон Клајман.
Започнат за време на поставувањето на инсталацијата „Сончогледово семе" во галеријата на Тејт Модерн на Аи во 2009 година, филмот ја користи реакцијата на кинеската влада по земјотресот во Сечуан во 2008 година како појдовна точка. Филмот е бесрамно политички, а сепак интимно личен поглед. Необичниот пристап на Клајман кон уметникот, како и неговите лични снимки, даваат многу интересен документ за една од најрелевантните јавни личности во Кина.
AiWeiwei: Never Sorry, USA, 2012, 91 min.
Режија: Alison Klayman
22.00 часот - „Слава на курвите“ (Цена на влезница: 50 денари)
* Забранет влез за помлади од 18 години
Стилски и тврдокорен поглед на трговијата со сексот од Михаел Главогер, многу наградуваниот автор на „Мега градови“ и „Смртта на работникот“, го истражува животот на проститутките и нивните клиенти на три различни локации. Првата, неонските светла и стаклените прозорци на борделот „Аквариум" во Бангкок, каде што жените ги заземаат своите места, а клиентите ги избираат нивните броеви. Тоа е забележителна спротивност со тесните темни улички на областа со црвени светла во Фаридпур, централен Бангладеш, каде што професијата се пренесува од мајка на ќерка. Крајната дестинација е Рејноса, град на мексиканско-американската граница, каде што се судираат сексот и насилството. Колоритната шема и прекрасен саундтрак за љубителите на P.J. Harvey и CocoRosie го проткајуваат докуменатрецот на Главогер со непријатност, но уште повеќе со убедливост.
Whores’ Glory, Austria, 2011, 118 min.
Режија: Michael Glawogger
Added by kinoteka on April 22, 2013