Проекции: 22.04.2013 (понеделник), од 18.00 часот
16-то издание на Скопје филм фестивал, 19-27 април, 2013
Кино Милениум
18.00 часот (реприза) - „Ветена земја“
Promised Land, USA, 2012, 106 min.
20.00 часот (реприза) - „Лов“
Hunt, Denmark, 2012, 111 min.
22.00 часот - „Многу сум возбуден!“
Нова секси комедија на Педро Алмодовар со cameo улоги на Пенелопе Круз, Антонио Бандерас и Паз Вега. Давајќи му целосно ново значење на зборот "пилотската кабина", филмот на Алмодовар е секси и хулигански атавизам кој не враќа на неговите дела од крајот на 80-те, почетокот на 90-тите (“Законот на желбата“, “Врзи ме, одврзи ме!“). Со прикажувањето во повеќето земји без да се прави вообичаената промоција во Кан, филмот најдобро ќе допре до публика во потрага по билет во еден правец од прекумерното пиење, земањето таблети и други работи кои не треба да се прават во авион.
Екипажот е составен од тројцата стјуарди-хомосексуалци, ко-пилот и нивниот хетеро капетан, чија сексуална ориентација постојано е доведувана во прашање (во еден момент тој се нарекува "експериментален хомосексуалец"). Меѓу патниците се гатачката, младоженецот- шверцер на дрога, дамата со остар јазик и мистериозен човек во темен костум.
I’m So Excited!, Spain, 2013, 90 min.
Режија: Pedro Almodovar
Улоги: Javier Camara, Raul Arevalo
Кино Рамстор
18.00 часот - „Да живеат антиподите!“
Кој ќе биде најкраткиот пат помеѓу Ентре Риос во Аргентина и кинеската метропола Шангај? Едноставно, правата линија низ центарот на земјата, бидејќи двете места се антиподи: лоцирани се дијаметрално спротивни едни на други на површината на Земјата. За време на неговата посета на четири такви антиподни парови, наградуваниот документарист Виктор Косаковски ги лови сликите кои го превртуваат нашиот поглед на светот наопаку. Убавото, мирно зајдисонце во Ентре Риос е во контраст со раздвижените улици во дождливиот Шангај. Луѓето кои живеат во пустелија се поврзани со живеалиштето на луѓето во близината на еден вулкан. Пејзажи чиј сјај ја допира душата се спротивставени со вревата на големиот град.
Vivan las antipodas! – Long Live The Antipodes!, Germany/Netherlands/Argentina/Chile, 2011, 104 min.
Режија: Victor Kossakovsky
20.00 часот (реприза) - „Хана Арент“
Hannah Arendt, Germany, 2012, 113 min.
22.00 часот - „Писмо до татко ми“
Режисерот се обидува да најде смисла во начинот на кој татко му избрал да умре, отвора неколку кутии, се' што е оставено зад него. Заборавените фотографии, писмата и домашните видеа го враќаат филмот назад во 70-тите години во Југославија, кога неговите родители се вљубиле. Но, патувањето низ годините, до членовите на семејството, изгубените пријатели и места, ги откриваат долготрајните ужаси на последните Балкански војни кои се' уште ги разделуваат луѓето и ги растураат семејствата.
Pismo ocu, UK/Serbia/Montenegro, 2011, 48 min.
Режија: Srdjan Keca
Фестивали и награди: DokuFest 2011, FIPRESCI - Beldocs 2012
Added by kinoteka on April 22, 2013