кеј 13-ти Ноември бб (Г.Т.Ц. 1-ви кат)
Скопје, null 1000

Проекции: 21.04.2013 (недела), од 18.00 часот

16-то издание на Скопје филм фестивал, 19-27 април, 2013

Кино Милениум

18.00 часот - Кратки македонски филмови

„Игра и спас“ на Горан Тренчовски, „Шумарот“ на Изер Алиу, „Кружно патување на сенката“ на Жарко Иванов и „Шшшт ... Запеј ми!“ на Андреј Волкашин и Петар Влчев. Авторите на филмовите ќе бидат присутни на проекцијата. Влезот за македонските кратки филмови е бесплатен.

20.00 часот - „Хана Арент“

Големата Барбара Сукова е ѕвезда во фасцинантниот биографски филм на Маргарет фон Трота за влијателната филозофка и политичка теоретичарка, чии известување од судењето на нацистот Адолф Ајхман во 1961 година го воспостави нејзиниот познат концепт за "баналноста на злото". Со нејзиниот нов филм за германско-еврејската филозофка и политичка теоретичарка Хана Арент (1906-1975), фон Трота презема особено тежок предизвик. Иако животот на Арент не е многу претставен во драмата, стравотното бегство од нацистичка Германија, пријателствата и аферите со гигантите на интелектуалниот свет и вклученоста во некои од најголемите политички контроверзи, нејзината слава се потпира повеќе на мислата отколку на акцијата, што можеби не е вродено на филмот. Но, надвор од историската и човечката драма, „Хана Арент“ е обид, со зборовите на фон Трота, мислата да се трансформира во филм.

Филмот се фокусира на еден од клучните моменти во животот и кариерата на Арент, нејзината посета на Ерусалим во 1961 година за да известува од судењето на Адолф Ајхман, еден од архитектите на нацистичкото геноцидно "конечно решение" за време на Втората светска војна.

Hannah Arendt, Germany, 2012, 113 min.
Режија: Margarethe von Trotta
Улоги: Barbara Sukowa
Фестивали: Бавариан филм фестивал

22.00 часот - „Капитал“

Банките и вртоглавиот свет на финансиите го движат „Капитал“, Гаврасовата тематска анатомија на капиталистичкиот систем. Познатиот режисер никогаш не бил еден од оние кои бегаат од контроверзните, ниту од актуелните прашања. Тој го направи своето реноме со серија на релевантни филмови за современите политички и воени диктатури („З", „Опсадна состојба", „Признание"), и во неговиот нов филм се занимава со прашањето кое е во фокусот на медиумското внимание од економската криза во 2008 година.

Филмот не втурнува во внатрешноста на фиктивната банка „Феникс", една од најголемите финансиски институции во Франција, каде што раководството е принудено да бара нов извршен директор, откако актуелниот страда од ненадеен срцев удар. Сјајот на луксузните бродови, корпоративни авиони, девојки од насловните страници и директори-интриганти, „Капитал“ е адреналинско патување низ мените на глобалните финансии. Движејќи се од Париз до Мајами, од Лондон до Токио, Коста Гаврас агилно ја владее темата со возвишена леснотија и мајсторство кое не загребува само по површината, туку и во суштината.

Le Capital. France, 2012, 114 min.
Режија: Costa Gavras
Улоги: Gabriel Byrne, Gad Elmaleh
Фестивали: Солун, Сан Себастијан

Кино Рамстор

18.00 часот - „Ветена земја“

Се чини дека Стив Батлер е на вистинскиот пат да оствари брилијантна кариера. Но, за волја на вистината, од него се очекува да го постигне невозможното, тој и неговиот колега Сју мора да ги убедат жителите на едно типично американско гратче да ги продадат правата за експлоатација на природен гас од нивните фарми на голема енергетска фирма. Новиот метод познат како "fracking" – кршење на подземните шкрилци - ќе им овозможи искористување на претходно недостапните резерви на гас. Батлер ги убедува локалните жители да се откажат од нивните одамна бескорисни фарми, ветувајќи им чудесни откупни цени. Тој избегнува да ги спомене и ризиците на методот, кој вклучува неконтролирани хидраулични инјектирања на опасни хемикалии во земјата.

Promised Land, USA, 2012, 106 min.
Режија: Gus Van Sant
Улоги: Frances McDormand, John Krasinski, Matt Damon
Фестивали: Берлин 2013

20.00 часот (реприза) - „Кралството на месечината“
Moonrise Kingdom, USA, 2012, 99 min.

22.00 часот (реприза) - „Кралска афера“
Royal affair, Denmark/Sweden/Czech Republic/Germany, 2012, 132 min.

Added by kinoteka on April 19, 2013

Interested 1