кеј 13-ти Ноември бб (Г.Т.Ц. 1-ви кат)
Скопје, null 1000

Проекции: 20.04.2013 (сабота), од 18.00 часот

16-то издание на Скопје филм фестивал, од 19-27 април, 2013

Кино Милениум

18.00 часот (музички документарец) - „Cure for Pain: Приказна за Mарк Сендмен“

Morphine беа еден од најголемите американски андерграунд бендови во 90-тите години, предводени од харизматичниот пејач и текстописец Марк Сендмен, кој трагично загина на сцената во Италија во 1999 година на возраст од само 47 години. Филмот го испитува неговиот живот и дело, историјата на неговото проблематично семејство, преку неговиот подем низ различни бендови во младоста до уникатниот звук на Morphine, триото составено од тапани, баритон саксофон и двожичен контрабас. Големата архива на снимки го проследува сведоштвото на пријателите и семејството, вклучувајќи ги музичарите Les Claypool, Ben Harper, Mike Watt и Josh Homme од Queens of the Stone Age.

Cure for Pain: The Mark Sandman Story, USA, 2011, 85 min
Режија: Robert Bralver, David Ferino
Монтажа: Robert Bralver, David Ferino
Продуценти: Kai Boydell, Jeff Broadway, Peter Hrechdakian

20.00 часот - „Кралството на месечината“

Сем е сирак оставен на милоста и немилоста на згрижувачките родители и неговата извидничка организација. Сузи живее во светилникот со тројца помлади браќа, родители-адвокати и нагон за слобода. Таа одлучува, Сем ќе биде нејзиниот маж. Никој не ја разбира нивната привлечност. По ѓаволите, и двајцата имаат по 12 години. Одлучуваат да избегаат и наскоро возрасните ќе влезат во нивниот рај.

Moonrise Kingdom, USA, 2012, 99 min.
Режија: Wes Anderson
Улоги: Bruce Willis, Edward Norton, Bill Murray
Фестивали: Кан 2012, номинација за Оскар

22.00 часот - „Кралска афера“

„Кралска афера“ е романтична историска драма со енергично срце. Во доцниот осумнаесетти век Данска е управувана од страна на расипаниот крал Кристијан VII (Фолсгард), за кого владеењето е сведено на играње со кучето и препуштањето на сите телесни задоволства. Робусниот и убав германски доктор Јохан Струенсе (Микелсен), кој е верен подржувач на реформистичките принципи на просветителството, толку му се допаѓа на кралот при една средба во странство што бара од него да дојде со него во Копенхаген како негов личен лекар. Таму Струенсе ја открива неговата борба со волшебната кралица Каролина Матилда (Викандер), која пати за внимание.

Royal affair, Denmark/Sweden/Czech Republic/Germany, 2012, 132 min.
Режија: Nikolaj Arcel
Улоги: Mads Mikkelsen, Alicia Vikander
Фестивали и награди: Берлин 2012, номинација за Оскар, Цезар за најдобар странски филм

Кино Рамстор

18.00 часот (реприза) - „Кругови“
Circles, Serbia/Germany/France/Slovenia/Croatia, 2013, 113 min.

20.00 часот - „Лов“

Дефиниран како еден од најконтроверзните филмови на годината, „Лов“ е интелигентна и вознемирувачка анатомија на данското општество, според жестокоста сличен на „Прослава“, првиот меѓународен успех на режисерот Томас Винтерберг. Сместен во мало предградие, со ѕвездата Мадс Микелсен како Лукас, разведен социјален работник, кој се надева дека ќе добие старателство над неговиот отуѓен син тинејџер. Допадлив и лежерен, Лукас е составен дел на оваа мала заедница, живее во градот целиот свој живот и формирал доживотни пријателства со Тео и Брун, кои редовно организираат одење на лов.

Hunt, Denmark, 2012, 111 min.
Режија: Thomas Vinterberg
Улоги: Mads Mikkelsen, Thomas Bo Larsen
Фестивали и награди: Кан – награда за најдобра машка улога, Торонто

22.00 часот - „Не“

Гаел Гарсија Бернал e ѕвездa во оваа возбудлива историска драма за еден млад маркетиншки експерт во Чиле 1988 година, кој е ангажиран да направи кампања за политичката опозиција, во моментот кога владеењето на диктаторот Аугусто Пиноче е ставено на национален плебисцит. Во 1988 година, подлегнувајќи на меѓународниот притисок, режимот на генералот Пиноче повикува на национален референдум со предлогот да се продолжи владеењето уште осум години. Гласањето има два избора: “Да“ (да се прошири владеењето на Пиноче) или “Не“ (не повеќе Пиноче). Голем дел од населението верува дека референдумот ќе биде изманипулиран и се одржува само за да се смири меѓународната заедница. Користејќи формат 4:3 и снимајќи аналогно, Лараин ја одржува естетиката на историскиот период и беспрекорно ги комбинира новите и архивските снимки. Ангажиран и напнат филм кој остава без здив, „Не“ е тензичен политички трилер со длабока порака и жив документ за триумфалното враќање на Чиле во демократијата.

No, 2011, Chile/ USA, 2012, 117 min.
Режија: Pablo Larraín
Улоги: Gael García Bernal
Фестивали и награди: Кан, номинација за Оскар

Изложба во Дамар

Изложбата на 10 фотографии од колекцијата „Најрандом филмска фотка од Скопје” ќе биде отворена на 20.04 (сабота) со почеток во 22.00 часот во Дамар. Музика: Нино Наумов.

Added by kinoteka on April 19, 2013

Interested 1