ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Тричасовното ремек-дело на Фелини го прикажува пропаѓањето на еден човек во „слаткиот живот“ на развратот. Марчело Мастројани го глуми ексцентричниот новинар Марчело Рубини, кој има пишува за животите на богатите и познати италијански аристократи во озборувачката колумна во еден весник. Токму затоа Марчело оди на забави каде се среќава со различни убави, екстравагантни луѓе. Филмот ги следи убавите и неубавите момети на Марчело, на епизоден начин: секоја вечер е нова приказна, нова авантура, нов предизвик, нова жена. Зачинето со религиозни слики и знаци на спасение, „Сладок живот“ е ненадминат во убавината на сеопфатниот симболизам, изразен преку раскошните сетови, привлечното сценарио, пренагласените физички движења, турбулентната џез-музика и неконтролираните емоции.

La Dolce Vita
Италија/ 1960 година
35мм/ 180`

Режија: Федерико Фелини
Сценарио: Федерико Фелини, Енио Флиано
Улоги: Марчело Мастројани, Анита Екберг, Анук Еме, Ивон Фурно

Added by kinotekamk on April 19, 2010

Interested 1