„Казанова на Фелини“ е адаптација на автобиографијата на Џакомо Казанова, авантурист и писател од 18-от век. Снимен е во студијата на Чинечита-филмското студио во Рим и има добиено Оскар за костимографија.
Карневалот во Венеција е увертира во серијалот еротски средби кои го следат Џакомо Казанова низ градовите на Европа во 18-от век. Тоа е времето на Волтер, на сексуалното и интелектуално будење. Животот на Казанова станува бизарно патување во сексуалниот самозаборав. Секоја длабока емоција или страст е затемнета со чудна ситуација. Во Венеција, обесчестува една лажна калуѓерка за да задоволи еден воајер, во Париз настојува низ општење да преобрази возрасна жена во маж, во Дрезден, неговото тело е столчено од две крупни жени и една наказа.
Iil Casanova Di Federico Fellini
Италија/ 1976 година
35мм/ 160`
Режија: Федерико Фелини
Сценарио: Федерико Фелини, според автобиографијата на Џакомо Казанова
Улоги: Доналд Сатерленд, Тина Омон, Сисили Браун, Кармен Скарпита
Added by kinotekamk on April 19, 2010