ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 17 и 19.02.2013 (недела и вторник), 20.00 часот

„Родени убијци“

Мики и Мелори кампуваат во пустина и Мелори се присетува на нивната прва средба. Мики работи како доставувач и доаѓа во куќата на Мелори, која живее со својот татко кој ја малтретира, запоставената мајка и помладиот брат. Мики и Мелори се вљубуваат на прв поглед и ја крадат колата од татко и`. Набргу потоа Мики го апсат и го носат во затвор под обвинение за кражба на автомобил. Тој успева да избега од затворот и повторно доаѓа во куќата на Мелори. Заедно одлучуваат да ги убијат родителите на Мелори, и потоа на автопатот ќе се “венчаат” во симболична церемонија. Својата венчавка ја прославуваат со тоа што земаат заложничка. Мики е налутен бидејќи се тројца, а Малори оди на бензинската пумпа и почува да флертува со еден работник. Таа го убива кога тој ќе ја препознае, затоа што за неа е распишана потерница како за убиец. Мики и Мелори продолжуваат да патуваат по познатиот пат - „Рута 66“, низ Ново Мексико, Аризона и Невада, а бројот на нивните жртви ја достигнува цифрата 52.
„Родени убијци“ останува еден од најзначајните култни американски филмови кои, а во 1994 ја добива и Специјалната награда на жирито на Венецијанскиот филмски фестивал.

(Natural Born Killers)
игран филм, САД
1994,118 мин., колор/црно-бел, 35 мм

режија: Оливер Стоун (Oliver Stone);
сценарио: Дејвид Велоз, Ричард Рутовски, Оливер Стоун, Квентин Тарантино (David Veloz, Richard Rutowski, Oliver Stone, Quentin Tarantino);
улоги: Вуди Харелсон, Џулиет Луис, Роберт Дауни Џуниор, Том Сајзмор, Томи Ли Џонс (Woody Harrelson, Juliette Lewis, Robert Downey Jr., Tom Sizemore, Tommy Lee Jones).

Added by kinoteka on January 28, 2013

Interested 1