ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

19:00 часот – „Митот на импровизацијата“: можности и граници. Прв дел од работилницата со Николас Вакербарт и Франц Милер со извадоци од „Долу центар брада“
21:00 часот – Проекција на филмот „Љубовта на децата“ во присуство на режисерот Франц Милер

„Долу центар брада“
*оригинал со англиски превод

Психотична комедија за студентите по глума и нивниот револт против сведувањето на службеници на уметноста. Во отсуство на режисер, закажаната аудиција за интендант во “Ноќен азил” прераснува во катастрофа. За да се спасат себеси, студентите по глума го вежбаат востанието. Но тие стануваат играчка на интригите, гласините и суетите. Еден слободно импровизиран филм во кој на игрив начин се спротивставени средствата на сапуницата, документарната фикција и вграденото новинарство.

Unten Mitte Kinn
Германија/ 2011 година/ 87`

Режија: Николас Вакербарт
Улоги: Луизе Бернт, Луси Хајнце, Даниела Холц, Ане Милер, Кетлин Моргенејер, Грит Паулусен, Урсула Вернер, Константин Фролоф, Оле Лагерпуч, Кристоф Летковски, Јан Нојман, Карл-Лудвиг Ото, Фриц Шедиви
„Љубовта на децата“
* Оригинал со македонски превод

Марен и Роберт, и двајцата самохрани родители, се запознаваат преку интернет. Водат сосем различни животи - таа е интелектуалец и се надева дека ќе издаде книга, тој е физички работник заинтересиран за фудбал и пиво со пријателите. Но, меѓу нив има некакв хемија и тие почнуваат да живеат заедно. Кога ќерка ѝ и суин му ќе се вљубат, нивните гледишта уште повеќе ќе се разидат. Дали тоа ќе им ја разниша врската?

Die Liebe der Kinder /The Love of the Children
Германија/ 2009 год./ 84`

Режија: Франц Милер
Улоги: Мери Лу-Селем, Алекс Брендемил, Катарина Дер, Тим Хофман

Added by kinotekamk on April 6, 2011

Interested 1