ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

20:00 часот – „Револвер“ во живо: разговор со Ханес Бривилер и Владимир Ангелов и Илинденка Петрушева од Кинотеката на Македонија. Проекција на кратки филмови од архивата на Кинотеката.

21:30 часот – Проекција на краткиот филм „Половина часови“ во присуство на Николас Вакербарт и на филмот „Копнеж“ со вовед на Ханес Бривиле

„Половина часови“
*oригинал со македонски превод, во присуство на Николас Вакербарт
„Половина часови за мене е времето кое го минуваме сами. Пред да дојде некој, откако некој си заминал. Се отвора еден простор и ние се губиме во него.“ - Николас Вакербарт

Цело едно попладне „Половина часови“ ги следи домашните ритуали на Мелани, меѓу празнината по заминувањето и очекувањето на враќањето, заглавена во меѓустадиум,кој на крајот станува неиздржлив.

Halbe Stunden
Германија, 2007 година/ 20`

Режија: Николас Вакербарт
Улоги: Кристин Кениг, Јоана Цервинска, Абел фом Акер

„Копнеж“
*oригинал со македонски превод, со вовед на Ханес Бривилер
Марк е заварувач и пожарникар, вљубен во Ела, девојка од неговото село. Се знаат уште од деца, нераздвојни се, и нивната љубов делува невино, возвишено, како да не постои свет надвор од нивниот. Едно утро, по акција на гаснење пожар и ноќ исполнета со многу пиење и забава, тој се буди во креветот на друга, непозната жена. Обидувајќи се да открие како тоа се случило, тој се‘ повеќе се оддалечува од пасторалниот живот што го водел во селото и од љубовта кон Ела.

Германија, 2006 година/ 88`
Режија: Валеска Гризебах
Улоги: Андреас Милер, Илка Велц

Added by kinotekamk on April 6, 2011

Interested 1