ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Наоја и Катсухиро се млад хомосексуален пар во чиј живот се вмешува Асако со својот вознемирувачки предлог. Имено, на прагот на 30-ата, не успевајќи да реализира каква било сериозна врска, во Катсухиро таа препознава идеален татко, па му предлага да направат дете. Наоја во почетокот се спротивставува, но кога сите тројца почнуваат почесто да се дружат, сфаќаат дека ваквата комбинација и не толку лоша идеја и дека им е убаво кога се заедно. Дури и Ноја сега помислува на татковство, затоа што заклучуваат дека бебето треба да си има братче или сестриче.

HUSH!
игран филм/ колор/ 2001 година/ 135`

Режија и сценарио: Ријосуке Хашигучи
Директор на фотографија: Шого Уено
Улоги: Сеичи Танабе, Казуја Такахаши, Реико Катаока

Кратка биографија за режисерот:
Ријосуке Хашигучи (Нагасаки, Јапонија, 1952- ) e cценарист, режисер и монтажер кој уште во средношколските денови снимал 8-милиметарски филмови. Го режирал, напишал, монтирал краткиот филм „Тајна вечер“ (Yube no himitsu, 1989 год.) за кој добил неколку награди на јапонските филмски фестивали. Неговиот прв долгометражен филм „Трескавично момче“ (Hatachi no binetsu, 1993 год.) е прикажан во официјалната програма на Берлинскиот фестивал, а во јапонските кина е еден од најгледаните домашни филмови. Следуваат „Како зрнца песок“ (Nagisa no Shindobaddo, 1995 год.), „Псст!“ (Hush!, 2001 год.) и „Насекаде околу нас“ (Gururi no koto, 2008 год.). Повеќето негови филмови обработуваат теми од животот на хомосексуалците, можеби затоа што и тој самиот е хомосексуалец.

Added by kinotekamk on March 4, 2010