Во рамките на ревијата на италијански филмови, во следните денови ќе можете да ги проследите следните филмови: „Препаратор“ (L’Imbalsamatore)на Матео Гароне , „Ако се сака, се може“ (Si può fare) на Џулио Манфредониа, „Мојот брат е син единец“ (Mio fratello è figlio unico) на Даниеле Лукети, „Од кого различен?“ (Diverso da chi?) на Умберто Ричони Картени, „Како што налага бог“ (Come Dio comanda) на Габриеле Салваторес, снимен според истоимениот роман на Николо Аманити и документарниот филм „Видеократија“ (Videocracy) на Ерик Гандини.
Проекциите се со почеток во 20 часот, а билетот чини 50 денари.
Added by kinotekamk on March 12, 2010