ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Со почеток во 12 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоцијата на две книги од истакнатиот македонски драмски автор Југослав Петровски. Станува збор за книгите „Змијогуштерско распетие“ во која се поместени трите драми „Змејовите заминуваат“, „Килиба“ и „Евангелието по Јуда“, и „Шут, ангел и дама или Соната во А-мол“. Книгите се издадени од страна на куќата „Маска“ од Скопје.
Промоцијата ќе ја отвори професорката на ЕСРА и драматург Загорка Поп-Антоска Андовска. Извадоци од драмите ќе читаат актерите Билјана Јовановска и Драган Довлев.

Кратка биографија за авторот:
Југослав Петровски е роден во 1969 година во Куманово. Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје на отсекот за драматургија и режија. Член е на ДПМ од 1998 година. Автор е на повеќе книжевни дела од ои најголемиот број се драми. Застапен е во повеќе антологии меѓу кои е и „Новата балканска драма“, „Современата македонска драма“ итн. За текстот „Елесник“ во 2002 година ја доби наградата за најдобро драмско дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Во 1996 година ја доби Шекспировата награда за најдобар драмски текст од странски автор за текстот „Вазна од порцелан“, кој беше поставен на театарскиот фестивал „Платформа 4“ во Екситер, Англија. Неговите драми се поставувани и играни во речиси сите театри низ земјава.

Added by kinotekamk on December 21, 2010

Interested 1