МЕСЕЦ НА БУГАРСКИ ФИЛМ ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА
За време на месец ноември секој понеделник во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан по еден Бугарски филм од современата бугарска продукција.
„Прогноза“
Маргарита го напушта познатиот репортер Марко Матаниќ и се придружува на својот брат и неговите пријатели од различни балкански држави, кои одат на сурфање на еден остров во Турција. Сето тоа изгледа совршено, кога одеднаш, ветрот запира. Што се случува на Балканот кога ќе се даде погрешна прогноза...?
(The Forecast)
игран филм / 2008 година / 97 минути / колор / 35 мм.
Бугарија
режија: Зорница Софија (Zornitsa Sophia);
сценарио: Зорница Софија, Емил Бонев, Алексеј Кожухаров (Zornitsa Sophia, Emil Bonev, Alexey Kozhuharov);
улоги: Асен Блатечки, Теодора Духовникова, Кресимир Микиќ, Стефан А. Штереф, Дејан Славчев - Део, Јулиан Вергов, Калина Станчева (Assen Blatechki, Teodora Duhovnikova, Kresimir Mikić, Stephan A. Shtereff, Deyan Slavchev - Deo, Julian Vergov, Kalina Stancheva).
Added by kinoteka on November 6, 2011