Модната ревија „Лудус“ ја претставува новата женска колекција наменета за престојниот зимски и празничен период за годината 2011/2012.
Колекцијата го носи насловот „Мисинг” околу кој е концепциски и формално изградена и нспирирана од женските ликови во филмовите на Дејвид Линч.
Следува проекција на:
„Приказната за Стрејт“
Овој филм е базиран на вистинска приказна за 73 годишниот Алвин Стрејт кој живее мирен и спокоен живот во мало гратче. Кога неговиот брат ќе доживее срцев удар, Стрејт започнува долго патување на својата косилка за да се сретне со него. Тој е решен да го поправи нивниот разнишан братски однос.
(Straight story)
игран филм / 1999 година / 112 минути / колор / 35мм
САД / Франција
Режија: Дејвид Линч (David Lynch);
Сценарио: Џон Роуч и Мери Свини (John Roach, Mary Sweeney);
Главни улоги: Ричард Фарнсворт, Сиси Спејсек, Џејн Галовеј Хејц, Џозеф А. Карпентер и Доналд Вигерт (Richard Farnsworth, Sissy Spacek, Jane Galloway Heitz, Joseph A. Carpenter, Donald Wiegert).
Added by kinoteka on November 27, 2011