Проекции: 27.02.2013 (среда), 18.00 часот
Премиера на краткиот филм „Шумарот“
„Шумарот“ е 25-минутна семејна драма во која акцентот е ставен на односот помеѓу синот и таткото. Режисер на филмот е младиот Изер Алиу, а филмот е во продукција на „ВЕДА Филмс“ од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер. Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.
Филмот е добитник на престижната награда „Аманда“ и е прогласен за најдобар краток филм на Интернационалниот фимски фестивал во Берген, Норвешка и веројатно првиот кој претставува норвешко - македонска копродукција.
Улогите во филмот ги толкуваат единаесетгодишниот Бесим Муртезани, шестгодишниот Алтин Аџани и актерот Бурхам Амити во улога на таткото.
Added by kinoteka on February 25, 2013