Проекции: 08.03.2012 (четврток), 20.00 часот
ЦИКЛУС АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ И ПРАВОТО
„Порота вон контрола“
Во Луизијана е покрената судска постапка против трговец со оружје. Обвинетитот има адут - т.н. советник, кој ја шпионира работата на поротата, ги следи и уценува поротниците, се` со цел да ги изманипулира и да ги принуди случајот да го решат во корист на обвинетиот. Меѓутоа, како поротник е повикан и младиот Николас Истер, кој остава впечаток на незаинтересиран за целата работа, но ќе се испостави дека тој и неговата девојка Марли се далеку помотивирани да го осудат трговецот со оружје. И двајцата се вплеткуваат во низа ситуации на барање поткуп, и од обвинетиот и од неговиот „советник“, ветувајќи им дека тие ќе го изманипулираат мислењето на поротата... Но, дали ќе го сторат тоа?
„Порота вон контрола“
(Runaway Jury)
игран филм / САД / 2003 година / 127 минути / колор / 35мм
Режија: Гери Фледер (Gary Fleder);
Сценарио: Џон Гришам, Брајан Копелман (John Grisham, Brian Koppelman);
Улоги: Џок Кјузак, Рашел Вајз, Џин Хекман (John Cusack, Rachel Weisz, Gene Hackman).
Added by kinoteka on March 1, 2012